Елегантниот ентериер е опремен со целосен ЛЦД екран на допир, прочистувач на воздухот и систем за помош при возење. Енергијата на овие возила доаѓа од еден електромотор со 204 КС.Капацитетот на батеријата е 72 kWh, а автономијата е 410 – 520 километри, во зависност од режимот на движење и условите на патот. За поминување растојание од 250 км, потребно е брзо полнење за само 20-тина минути, или бавно за околу 3 часа.