ПРОИЗВОДИ

 

Кога купувате производ од компанијата PiKCELL Group, Вие станувате клиент на високотехнолошка и стабилна компанија, која е лидер во регионот од областа на производство на фотоволтаични соларни модули, во која се имплементирани и реализирани најстрогите меѓународни стандарди и сертификати за квалитет.
PiKCELL Group е домашна компанија која во секое време им обезбедува професионална, брза и сигурна подршка на своите клиенти и е партнер на кој може да се потпрат инвеститорите.

 

Поликристален ФВ модул

Поликристален силициум, исто така наречен полисилициум или поли-Si, кој е со висока чистота, поликристална форма на силикон се користи како суровина во сончевата фотоволтаична и електронска индустрија.

Фотоволтаичната индустрија, исто така, произведува надграден металуршки силициум (UMG-Si), користејќи металуршки, наместо процеси на хемиско прочистување.

.

Повеќе


 

Монокристален ФВ модул

Монокристалниот силициум (исто така наречен “монокристален силикон”, “монокристал Si”, “моно c-Si” или моно-Si) е основниот материјал за силиконски чипови кои денес се користат во скоро сите електронски уреди. Mono-Si, исто така, служи како фотоволтаичен материјал за апсорпција на светлина во производството на соларни ќелии.

Поради своите полупроводнички својства, монокристалскиот силикон е можеби најважниот технолошки материјал од последните неколку децении – “силиконската ера”.

Повеќе


 

 

Фотоволтаичен термален модул

Фотоволтаичните термални хибридни  колектори, исто така се познати како хибридни PV / T (PVT) или соларни когенеративни системи. Оваа е технологија за производство на енергија кое сончевото зрачење го претворува  во употреблива топлинска и електрична енергија. Ваквите системи се комбинираат со соларни ќелии кои што сончевата светлина ја претворуваат во електрична енергија и со сончев термален колектор кој  преостанатата енергија ја претворува во топлинска. Истотака со помош на  оваа технологија се отстранува топлина од PV модулот со што PV модулот станува многу  поефикасен.

Повеќе