Фотоволтаични модули
Фотоволтаичнот модул се состои од ФВ-клетки кои се паралелно поврзани за зголемување на струјата и во серија за да се произведе повисок напон. Предната површина на ФВ модул се состои од калено стакло и со заштитен и водоотпорен материјал на задната површина. Рабовите на модулот се запечатени за заштита од атмосферски влијанија. Исто така модулот е опфатен со алуминиумска рамка. Во задниот дел на модулот постои разводна кутија која обезбедува електрична врска.