СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА
Соларната енергија е неисцрпна и еколошки најприфатлива.
Сонцето ја снабдува земјатата 3000 пати повеќе енергија, во однос на тоа моментално ја троши светската популација.
Соларната енергија последните неколку децении го привлекува вниманието на науката и јавноста. Соларната енергија е веднаш употреблива, чиста и обновлив ресурс со што претставува огромна предност над фосилните горива, така да се повеќе се работи на системите кои ја конвертираат соларната во електрична енергија, како на куќните со мали димензии така и големите комерцијални полиња со соларни панели кои даваат голем допринос на стабилноста на работата на јавните електомрежи.
Примената на соларната енергија може да биде дирекна и индирекна.
- Индирекната примена на соларната енергија се јавува како користење на енергијата на ветрот кој настанува со делувањето на светлината на Сонцето на атмосферата и океаните и сл.
- Дирекната примена на соларната енергија е процес на добивање на електрична енергија со конверзија соларната енергија која се собира во вештачки колектори. Постојат два главни типа на вештачки колектори со кои дирекно се собира и се применува енергијата на Сонцето а тоа се соларни панели и концетратори.
[huge_it_slider id=”2″]