Барате работа? Сакате да станете дел од нашето семејство Пиксел (www.pikcellgroup.mk)?
Не пропуштајте ја оваа можност! Продолжете да читате.
Нашите Пикселци:
– Млади, некои по години, некои по дух, вредни, задоволни и секогаш подготвени да помогнат и професионално и лично
– Забавни, интересни, талентирани момци и девојки, пејачи, видеогејмери, вљубеници во природата, заштитници на животните, каратисти, духовити, фамилијарни луѓе, ергени и девојки за мажење, но сите –
– Посветени на работата, одговорни и дисциплинирани. И среќни! Ќе најдете пријатели меѓу нив.
Што очекуваме:
– Да сте заинтересирани за работа 8 часа 5 работни дена
– Да имате најмалку ССС (со или без работно искуство)
– Да доаѓате од понеделник до петок во 7:30 на работа
– Да имате желба да учите и напредувате во индустријата на иднината (индустрија за енергетски ефикасни и обновливи извори на енергија и производство на соларни панели, а во најскоро време и на електрични возила)
– Да сте согласни со почетна нето плата од 20.000 мкд
– Да почнете најпрво со работа во погон
– Да доставите што е можно поскоро кратка биографија на contact@pikcellgroup.mk или да се јавите на 02 2446 999 (пон-петок 7:30-15:30)
Нашиот процес на вработување:
– Го имате видено и прочитано овој оглас
– Ве заинтригирал огласот
– Не’ информирате дека сте заинтересирани (аплицирате по е-маил или се јавувате на телефон)
– Доаѓате да си направите муабет со некој од тимот и се уверувате дека се’ што прочитавте погоре е вистинa
Наш совет:
– Не плашете се од промени! Не плашете се од вашиот сегашен работодавач, понекогаш мора да одите понатаму и ние тоа го охрабруваме! И, ако не ви е тешко, споделете го ова! Ќе најдеме место за секој кој е вреден, дисциплиниран, одговорен. Нашиот тим постојано расте. Исто, како и сите наши вработени.